Похованa обландa со мелено месо
Состојки
- 250 гр мелено месо
- 100 гр ориз варен
- 2 главици кромид
- За поховање
- 100 гр лебни трошки
- 1 до 2 јајца
Подготовка
Ова е убав рецепт кој го добив од мојата кума.
Запишан од многу одамна, а направен токму сега.
Кога и да отидев на слава кај кумата ова ми беше омилено од поставеното јадење.
Еве сега му дојде редот и кај мене во кујната.
Иако ова е половина рецепт, па јас го запишав така како јас го правев.
Кромидот го ставив во сецкото и го иситнив добро.
Оризот требен, миен го ставив да се свари.
Го исцедив убаво оризот од водата.
Кромидот го пржиме убаво додека не стане стаклен.
Го додаваме меленото месо промешувајќи.
Откако ќе се запржи го додаваме варениот ориз и зачинуваме.
Тргаме од оган и филуваме врз претходно омекнатата обланда.
Виткаме ролат и оставаме во ладилник околу два три часа.
Кога е замрзнат ролатот го вадиме од ладилникот и сечеме парчиња со дебелина од еден сантиметар.
Замрзнато го мачкаме во матено јајце зачинето со мешан зачин, а потоа го валкаме во лебни трошки.
Пржиме во загреано масло додека не заруменат.
Пробајте па кажете ваше мислење.
П.С -Кума, фала за рецептот.
На здравје