Пиварки полнети со суво овошје
Состојки
- 250мл. пиво
- 250мл. зејтин
- 1 пециво
- 120гр. гриз
- 600-650гр. брашно
- фил
- 100гр. суви урми
- 100гр. суви смокви
- 50гр. суво гројзе
- 2 лажици мармалад од сливи
- 2-3лажици рум
- малку мелени ореви
- шербет
- 900гр. шеќер
- 750гр. вода
- 2 ванилин шеќер (20гр)
Подготовка
Започнуваме со сецкање на сувото овошје кое ќе го натопиме со 2-3 лажици рум да одстои неколку часа.Потоа ќе му ги додадеме мармаладот и мелените ореви се убаво ќе измешаме.
Се мешаат пивото, маслото,гризот, брашното и прашокот за пециво и се замесува тесто.Постепено додавајте го брашното за да замесите убаво тесто.Од убаво изработеното тесто се формираат топчиња со големина на орев кои со оклагија ги разлекуваме полниме со фил и ги формираме во вид на кифлички.Кифличките ги редиме во тава за печење, печете ги до заруменување на температура од 200 степени Целзиусови.
Во меѓувреме се подготвува шербетот со 750 милилитри вода и 900 грама шеќер да врие околу пет минути. Откако колачите ќе се испечат, се потопуваат во врелиот шербет, се вадат и се увалкуваат во измешаните ореви и ванилин шеќер. Наместо ореви, можете да употребите кокос како во мојот случај.
Добар апетит!!!
Забелешка.
Неколку пати завртете ги да го впијат целиот шербет.Во оригиналниот рецепт за кој се разбира го обожавам се става цели јатки ореви.Ова е една моја варијанта за пиварки да го искористам сувото овошје кое ми остана од бадник.Се надевам дека ќе ви се допаднат,на главната фотографија е подарокот кој сите го добивме на средбата од нашата Лиле морав да го искористам за едно сликање затоа што беше ептен оригинален.