Испечати

Бадникова посна штрудла

Бадникова посна штрудла

Состојки

  • 500гр брашно
  • 200мл млака вода
  • 1 кесичка (10гр) сув квасец
  • 100мл зејтин
  • 250гр мармалад по желба
  • 2-3 јаболка
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица цимет

Подготовка

Се замесува тесто од брашното, квасецот, водата и зејтинот и се остава да стаса.
Одкако ќе стаса се расукува кора која се премачкува со мармалад и над мармаладот се ренда јаболко. Се посипува со цимет и со лажица се цеди медот. Се завиткува во ролна и се остава да стаса да се спои ролатот. Се засекува, а и не мора и се пече околу 30 минути на 190 степени. Се сече одкако ќе се олади.
Едноставен рецепт, па може некому и да се најде.
Бадникова штрудла затоа што е посна, а тука е и моето коледарче-малата Маша.
Исто така рецептот го ставив да послужи и како идеја затоа што тестото е основа и за бадниковото лепче па така може да се искористи две во едно. Јас дури и ги печев заедно и лепчето и штрудличката.