Испечати

Давеник со готови кори

Давеник со готови кори

Состојки

  • 500гр кори за пита
  • 3 јајца
  • 350гр сирење
  • 200мл јогурт
  • 3 лажици брашно
  • 1 кесичка (10гр) квасец
  • 200мл зејтин

Подготовка

Во подлчабок сад се ставаат 2 јајца, јогуртот, брашното и 100мл зејтин. Смесата убаво се меша и се остава да одстои 20 минути.
Се зема една кора и се попрскува со зејтин. Над неа се реди втора кора и таа се попрскува со зејтин па се реди 3 кора. Над третата кора се става од смесата и убаво со четка се премачкува целата кора. Над смесата се става од дробеното сирење и се витка ролна која се свиткува како баничка и се реди во плех. Исто се постапува со сите кори. Откако ќе се свиткаат сите кори преостанатиот дел од квасот се зголемува со додавање уште едно јајце, малку јогурт и преостанатиот зејтин и се истура врз баничките. Се остава питата да впие од течноста додека се загрее рерната и се пече околу 40 минути на потивко-170 степени.