Испечати

Обланда со црно-црвен фил

Обланда со црно-црвен фил

Состојки

  • 1 кг. шеќер
  • 1 литар млеко
  • 100 гр. чоколадо за готвење
  • 2 лажици густин
  • 2 лажици брашно
  • 5 листови обланда
  • 100 гр. кокос
  • 300 гр. бисквити мелени
  • 250 гр. маргарин
  • малку црвена прехрамбена боја, шлаг

Подготовка

Овој рецепт не е многу комплициран, но ќе одземе малку време при подготовката.
1. Од килограмот шеќер се одвојуваат 2 лажици и се мешаат со густинот и брашното.
2. Остатокот од шеќерот и млекото се варат на тивок оган (е овде БЕГА времето), со повремено мешање, додека масата не почни да се одделува од тенџерето (околу 1 час). Количината ќе се намали малку, но внимавајте, подобро е да варите во поголемо тенџере поради комоција и да не претече, иако оваа смеса не претекува на тивко.
3. Потоа додадете ја смесата од шеќер, густин и брашно, мешајте да се згусни.
4. Се додава кокосот, убаво да се изедначи, па после се става маргаринот да се стопи добро.
5. Смесата се дели на 2 дела, во едниот се додава рендана чоколада, а во другиот малку прехрамбена црвена боја.
6. Во двата дела се става по 150 гр. бисквити мелени (доколку сметате дека ви е течно, можете да додадете уште по потреба).
7. Сите листови се редат со рапавата страна одгоре, на првиот лист се става од црниот чоколаден фил, на вториот лист од црвениот фил и така уште еднаш. Завршете со петтиот лист, и преку колачот ставете некој тежок предмет и оставете да се излади и стегне филот со обландата.
Филот не го нанесувајте скроз до рабовите на обландата, но не грижете се ако дел од филот истече од страните, кога ќе се излади вишокотот се отстранува .
8. Изладениот колач исечете го на штангли или коцки, како што сакате, украсете по желба, со шлаг, со стопено чоколадо и сл.

По оригиналниот рецепт првиот пат кога го правев требаше да добијам нешто сосема друго, но за да не пропадни обидот додадов кокос и бисквити (а не беа во рецептот). Сепак излезе нешто, се надевам ќе ви се допадне.

Пријатно!