Торта со фил од наполитанки
Состојки
- Пандишпан
- 4 јајца
- 100гр. кафеав шеќер
- 90гр. брашно
- 30гр. густин
- 1 пециво
- 1 ванилин шеќер
- Фил
- 2 кесички прашок за чоколаден пудинг
- 600мл. млеко
- 6 лажици шеќер
- 200гр. путер
- 150гр. мелени наполитанки со вкус на лешник
- За украсување
- по потреба мелени наполитанки со вкус на лешник, бело млечно чоколадо, суво грозје
Подготовка
Пандишпан
Изматете ги пенесто јајцата, шеќерот и ванилата.
Потоа додајте ги брашното измешано со пецивото и густинот.
Промешајте со жица за матење за да не останат грутки.
Истурете ја смесата во округол калап обложин со хартија за печење.
Печете на 180 степени, 25 минути.
Испечениот пандишпан оставете го убаво да се олади.
Фил
Прашокот за пудинг измешајте го со шеќерот и растворете го со дел од млекото.
Останатото млеко загрејте го до зовривање, а потоа додајте го растворениот пудинг.
Мешајте додека се згусти.
Сварениот пудинг оставете го да се олади, а потоа соединете го со претходно изматениот путер и мелените наполитанки.
Изладениот пандишпан исечете го на половина.
На подлога за торта ставете една половина од пандишпанот, потоа нанесете половина од филот и затворете со останатата половина од пандишпанот,
Со преостанатиот фил премачкајте ја тортата.
Украсете по желба.
Јас украсив со мелени наполитанки, бело чоколадо и зрна суво грозје.
Пред да ја послужите оставете ја малку во фрижидер да се стегне.