Шпикуван свински бут печен со пиво
Состојки
- 1,5кг. свински бут
- 3-4 моркови
- 5-6 кисели краставички
- 200гр. димена сланина
- 2лажици свинска маст
- 250мл. пиво
- мешан зачин,сол и бибер
Подготовка
Доколку сакате да го подобрите вкусот на печеното месо додадете му димена сланина. Шпикувано месо значи да вметнеме низ мали засечени расцепи мали парчиња димена и квалитетна сланина...Вака печеното месо станува сочно и ароматично. Во мојата кујна за шпиковање користам само сланина, лукот не го сакам додавам моркови и кисели краставички за декорација. Месото го сушиме со кујнска крпа. Со убав оштар нож го засекуваме и со прст го прошируваме отворот во него ставаме киселите краставички и моркови. Јас во долниот дел на месото засекувам поголем отвор и сланината ја ставам хоризонтално низ целото парче месо. Вие доколку сакате расечете го месото на различни места и вметнета ја сланината по ваш избор низ целото месо. Вака спременото месо посолете го со мешан зачин,бибер и сол и оставете го да се одмори едно два сата. Во сад за печење кое предходно сме го намрсиле со свинска маст обложете го месото и премачкајте го горниот дел со маст. Полијте го месото со пиво и затворете го со капак.
Месото го печев во стаклен ватростален сад додека вие доколку имате печете го во ростер тавата. Печеме на 220степени петнаесетина мин.потоа намалуваме на 180степени и печеме два часа.
Добар апетит!!!
Забелешка.
Месото најубаво е да го посолите еден ден порано, полевајте го со течноста неколку пати во текот на печењето. Во мојов случај се сечеше топло затоа парчињата се неуредни, откако ќе се излади се сечат убави прецизни парчиња.