Чоколадна баклава
Состојки
- За фил
- 300 гр чоколадо
- 400 гр мелени ореви
- Останати состојки
- 500 гр готови кори
- 250 гр путер (по можност благ)
- 400 гр чоколадо ( за прелевање на готовата баклава)
- За шербет
- 800 гр шеќер
- 500 мл вода
- 1 ванила
Подготовка
Подготовка на баклавата
1. Чоколадото се ренда, а оревите се мелат и се соединуваат. Со овој фил се попрскува врз секоја кора по (4 лажици од филот)
2. Секој лист од кората филуван се витка ролничка и секоја ролна се реди во тавата
3. Откако ќе се заврши со редењето на ролничките, баклавата се сече на парчиња и се полева со растопениот путер
4. Се пече баклавата
Подготовка на шербетот
1. Водата и шеќерот се варат и откако ќе зоврие се чека околу 7 мин да се подзгусне шербетот и со врелиот чербет се попарува врелата печена баклава
2. Откако ќе се излади скроз баклавата се полева со растопеното чоколадо