Испечати

Посно Бадниково пинџурче

Посно Бадниково пинџурче

Состојки

  • 5 компири
  • 20-тина суви црвени пиперки
  • 6-7 чешниња лук
  • 100 мл масло за јадење
  • по потреба топла вода
  • 1-2 лажичиња јадра сол
  • 1/2 главичка кромид

Подготовка

1. Компирите се варат со лушпата
2. Пиперките во друг сад се варат
3. Се лупат сварените компири, а пиперките може и лупени , но и нелупени
4. Во Делимано сецкото се пасираат компирите, пиперките, лукот и кромидот со додавање по малку топла вода
5. Маслото за јадење се зоврива и со овасе попрскува, попарува изблендираната смеса
6. Веднаш се служи со домачно месено лепче и овчко сиренце