Калорични поховани палачинки
Состојки
- 10-12 претходно испржени палачинки
- фил од мелено месо
- 1 мала главица сецкан кромид
- 250гр мелено месо
- 200гр маринирани шампињони
- 100мл домашен сос од домати
- сол, бибер, оригано, зачин, масло
- за поховање
- 2 јајца
- 70гр брашно
- 150гр палента
- 10-12 парчиња биено сирење
- 10-12 парчина пушено свинско месо
Подготовка
Прво палачинките си ги пржиме на вообичаен начин.
Сега на загреано масло го пропржуваме кромидот, го додаваме месото, па сосот од домати, зачините и крчка се додека не испари течноста.
На крај се додаваат шампињоните.
Сега на секоја палачинка се става прво парче пушено свинско месо, па филот од мелено месо и парче биено сирење.
Се завиткува како сарма, па се валка во брашно, јајце и палента.
Се пржат на среден оган да заруменат, па се редат на хартија да се впие маснотијата.