Испечати

Брзи солени мафини (со куркума и афион)

Брзи солени мафини (со куркума и афион)

Состојки

  • 4 јајца
  • 1 мало лајче хималајска сол
  • 200 мл. масло
  • 200 мл. кисело млеко
  • 1 чаша од 200 мл. интегрално брашно
  • 1 чаша од 200 мл. царевно брашно
  • 1 пециво
  • 5-6 лажици афион (по желба)
  • 1 лажица куркума
  • 1 лажица шарена сол

Подготовка

Еве пак нешто брзо и лесно!
1. Со миксер се матат јајцата со хималајската сол, се додаваат течните работи, после постепено се додаваат сувите работи додека не се изедначи смесата.
2. Се става од смесата во силиконски калапи (форми кој какви си сака и си има) и се печат во загреана рерна на 180 степени 25-30 минути.
И толку, финито!
Откако ја открив куркумата, буквално ја ставам во сите мои оброци, па почнав и во печива. Афионот не е задолителен, но е исто така добар и декоративен.
Може да ставите и обично брашно наместо интегрално, малку ѓумбир во прав.
(јас се трудам да го навикнам неговиот вкус), а шарената сол која ја пронајдов во еден од маркетите, буквално ја ставам во секое мое јадење бидејќи ми има посебен вкус.
Пријатно!