Испечати

Басбуса- арапска парена торта

Басбуса- арапска парена торта

Состојки

  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша гриз
  • 1 чаша брашно
  • 1 чаша јогурт
  • 1 јајце
  • 100 гр. кокос
  • 100 гр. маргарин
  • 5 гр. прашок за пециво
  • 10 гр. ванилин шеќер
  • шербет
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша вода
  • сок од половина лимон
  • за одозгора
  • неколку ореви
  • чаша од 250 мл

Подготовка

Тортата ја најдов на интернет и ме привлече по состав и поради лесната постапка. Басбуса е арапска парена торта, по состав слична на раванија. Многу слатка торта со кокос, потопена со сируп од лимон, многу вкусна и ронлива. Како што прочитав се служи со незасладено силно кафе. Инаку испробана за само еден момент останаа малку ронки во тавата во којшто се печеше.

Е сега подготовката
Во сад се мешаат шеќерот, гризот, кокосот и ванилиниот шеќер и во нив се додава јогуртот. Убаво се промешува и се остава 30 минути за да прими од течноста гризот, односно да набобри.
Во смесата се додава растопен маргарин и јајцето претходно разматено со вилушка. Се промешува.
Брашното се соединува со прашокот за пециво и тоа се додава кон претходната смеса. Се промешува убаво и се става во тавче за печење претходно намачкано со зејтин и побрашнето. Врз тортата се редат по некое оревче. Јас ја печев во округлата тава од делимано мислам дека е број 26. Се пече на 180 степени околу 30-35 минути.
Во меѓувреме се подготвува шербетот
Се ставаат состојките на оган да зовријат и да вријат околу 5 минути.
Тортата треба да биде скоро ладна и шербетот млак. Пред да се стави шербетот тортата треба да се исече на коцки.

Инаку тортата беше по повод роденденот на сопругот, а тој ден бевме цел ден на трчање и остана само малку време за да се подготви торта. Во изборот не згрешивме.