Испечати

Едноставни и меки солени мафини

Едноставни и меки солени мафини

Состојки

  • 3 јајца
  • 1/2лажиче сол
  • 40мл маслиново масло
  • 200мл јогурт
  • 1/2лажиче пециво
  • 160 гр рендано сирење или урда
  • 6 лажици брашно бело
  • малку бибер и ленено семе

Подготовка

Наједноставни, а вкусни мафини, кои може да се комбинираат со сувомесмати производи, свежи салати, таратур....
Во вангличка се ставаат јајцата и солта и се матат да запенат.
Постепено се додаваат маслото и јогуртот, па останатите состојки.
Убаво сето се промешува да се соедини.
Смесата се истура во калапи за мафини, се украсуваат со ленено семе и се печат околу 30 минути на 180 степени.