Бадников куглоф (посно)
Состојки
- Се мери со чаша од 250 мл.
- 1 чаша вода (може и кисела)
- 1/2 чаша масло
- 3/4 чаша шеќер
- 2 лажици мед
- 2 + 1/2 чаша брашно
- 2 лажици какао
- 3/4 чаша мелени ореви
- 1 чаша мешано суво овошје
- 1 лајче сода бикарбона
- по желба суво овојше
- шеќер во прав за посипување
Подготовка
Овој куглоф е добра идеја за заблажување за Бадник кога трпезата е богата иако е посна.
1. Водата, маслото, шеќерот и медот се ставаат да зовријат. Се остава течноста да излади.
2. Во сад сувото овошје (исецкано или изблендирано) се меша со брашното, какаото, содата бикарбона и мелените ореви (добро е првин со лажица, а после со рака да се замеша за да се набрашни сувото овошје како не би паднало на дното).
3. Изладената течност добро се меша со сувите состојки добро да се соедини и се тура во куглоф кој претходно е добро намачкан со маргарин.
4. Се печи на 190 степени околу 1 час, сепак зависно од рерната контролирајте го тестото со дрвена чечкалица.
Толку!
Изладениот куглоф се посипува со шеќер во прав.
И овој рецепт е брз и лесен, ем посен. Може да се стави цимет или наместо какао брашно од рогач. Јас наместо обична вода ставив кисела вода и добро испадна.
Пријатно!