Испечати

Празнично декоративно пециво

Празнично декоративно пециво

Состојки

  • Тесто
  • 500гр. брашно
  • 1/4 коцка свеж квасец
  • 250мл. топло млеко
  • 1 јајце
  • 1 филџан(од 130мл) масло
  • 1/2 шоља (од 250мл) топла вода
  • 2 лажици шеќер
  • 1/2 лажица сол
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • Фил
  • 80мл. млеко
  • 4 лажици шеќер
  • 100гр. афион
  • 2 лажици домашен мармалад од сливи
  • Други состојки
  • по потреба маргарин, шеќер во прав

Подготовка

Од состојките за тесто замесете меко нелепливо тесто.
Покријте го со најлонска фолија и оставете да стаса.

Во меѓувреме подгответе го филот
Во тенџере на оган ставете го млекото и шеќерот.
Откако ќе зоврие, додавајте го постепено афионот и мешајте додека се згусти.
Тргнете го од оган и оставете го да се олади, а потоа додајте го мармаладот и убаво промешајте.

Стасанто тесто поделете го на 5 топчиња.
Секое топче расукајте го во мала кора и премачкајте ги со омекнат маргарин.
Само последната кора не се премачкува со маргарин.
Редете ги овие кори една врз друга, со тоа што последната ќе ви дојде најодозгора.

На работна површина посипете брашно и од малите кори расукајте една поголема кора.
Премачкајте ја со филот и завиткајте ја во ролат.
Ролатот исечете го на парчиња, со ширина од околу 1 сантиметар.
Потоа парчињата скалесто редете го во плех обложен со хартија(како што е на дополнителната слика).

Пред печење нанесете мали парчиња маргарин.

Печете на претходно загреана рерна од 180 степени, 30 минути.

Испеченото пециво оставете го да подолади, потоа посипете го со шеќер во прав и послужете.