Посни бомбици со кокос и суво грозје
Состојки
- 1 кесичка прашок за пудинг
- 500мл. соино млеко
- 3 лажици шеќер
- 250гр. мелени бисквити (без јајца и млеко)
- 250гр. кокос + за наросување
- 120гр. суво грозје
Подготовка
Прашокот за пудинг и шеќерот ги мешаме со малку од млекото, потоа ги додаваме во сад на оган со преостанатото млеко и го вариме пудингот додека не се згусти. Го тргаме од оган и уште додека е топол пудингот ги додаваме мелените бисквити, кокосот и сувото грозје. Формираме топчиња и ги валкаме во кокос. По желба можете да додадете и мелени ореви, но намлувајќи од кокосот и мелните бисквити.
На здравје!