Збогатена пилешка салата
Состојки
- 350гр. пилешки стек
- 2 поголеми моркови
- 2 компира средна големина
- 2-3 кисели краставички
- 100гр. димен свински врат
- 200гр. маринирани печурки
- 200мл. кисела павлака
- 200гр. мајонез
- по вкус сол и бибер
Подготовка
Одличен избор на салата за празничната трпеза.
Подготовка.
Стекот сварете го во солена вода,па исецкајте го или изблендирајте го.
Сварете ги морковите и компирите,па исецкајте ги на ситни коцки оставете се добро да се излади.
Во меѓувреме насецкајте ги печурките,димениот свински врат,краставичките и промешајте со преостанатиот зеленчук.Додадете го мајонезот и павлаката и повторно добро промешајте.
Додадето сол и бибер по вкус.
Декорирајте со варена брокула,пилешка шунка и варена жолчка.
Забелешка.
Во составот на оваа салата вметнав нешто димено не претерав само го засилив вкусот.Пред оваа салата пробав и со малку чаен колбас исто беше превкусна.
Пробајте се надевам дека ви се допадна.
Добар апетит!!!