Испечати

Пилешко во сос од кисела павлака

Пилешко во сос од кисела павлака

Состојки

  • 1кг. пилешки стек
  • 3 моркови
  • 2 кромидки
  • 200гр. димено каре
  • 500гр. печурки
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажица црвен пипер
  • 400мл. кисела павлака
  • Малку оригано,магданос,кари,мешан зачин и бибер

Подготовка

Одлична тава,пилешкото месо ни е едно од омилените во комбинација со кисела павлака и зачини добивате идеален ручек.
Подготовка
На почеток пилешките стекови ги вариме со мало количество на вода заедно со кромидот и морковите. Варете ги на тивок огин кратко време колку морковите и кромидот да омекнат. Тргнете на страна и во загреана тава со малку масло пропржете го кромидот и ситно сецканите моркови. Во тавата додадете ги дименото ситно сецкано каре и печурките и нив кратко пропржете. На крајот ставете ги двете лажици брашно и црвен пипер пропржете и смесата сипете ја во тавата за печење заедно со стекот и течноста која ви остана од варењето. Смесата промешајте ја и додадете ги двете павлаки заедно со сите зачини, повторно промешајте. Вака тавата e спремна за потпекување ставете го капакот вклучете ја рерната и околу половина час крчкајте на 220 степени, пред крај извадете го капакот и запечете уште пет мин.
Добар апетит!!!