Испечати

Јанг коцки

Јанг коцки

Состојки

  • 2 јајца
  • 80гр. маст
  • 150гр. шеќер
  • 2-3 лажици какао
  • 5 лажици млеко
  • 300-350гр. брашно
  • малку сода бикарбона(пола лажичка)
  • фил
  • 1,5мл. млеко
  • 3 пидинга од ванила
  • 3 лажици густин
  • 300гр. шеќер
  • 250гр. путер или маргарин
  • додаток
  • 500гр. бисквити
  • глазура
  • 3 лажици вода
  • 3 лажици шеќер
  • 100гр. чоколада за готвење
  • 80гр. маргарин

Подготовка

Јас сум презадоволна од вкусот и изгледов на коцкиве,топло ви ги препорачувам…
Подготовка.
1.На почеток ги матиме јајцата со шеќерот,во нив ја додаваме омекнатата маст и млеко замесуваме со брашното,какаото и прашокот за пециво.
2.Тестото го делиме на три дела,развлекуваме кори и печеме во превртено тавче со големина на вашата рерна.Внимавајте печете кратко(околу десетина мин.)на 200степени.
3.Во половина литар од млекото измешаје го пудингот и густинот, полека сипувајте во остатокот од зовриеното млеко заедно со шеќер. Треба да добиете убава густа крема, изладете и соединете со путерот(маргаринот).
4. Почнуваме со филување иде кора-фил-бисквити-фил-кора-фил-бисквити-фил-кора и на крај глазура од растопена чоколада.
Забелешка.
Во оригиналниот рецепт иде како прелив чоколада, но јас би ви препорачала да посипете со шеќер во прав или да користите млечна чоколада.Чоколадата која е помека по состав нема да се крши додека ги сечете.Колачот е многу издашен(цел голем плех од рерна) и визуелно е многу декоративен.
Добар апетит!!!
Ви посакувам среќни празници!!!