Нутела пралини
Состојки
- 100гр. мелени житни топчиња
- 120гр. мелени ореви
- 120гр. мелени бисквити
- 400гр. нутела крем( или било кој крем од лешници)
- 200гр. чоколадо со дробени лешници
- 100гр. бело чоколадо
- 2 лажици масло за јадење
Подготовка
1. Растопете го белото чоколадо со лажица масло за јадење во сад на пареа и со помош на готварски шприц или четкичка нанесете на дното од силиконските калапчиња. Потоа ставете ги калапчињата во ладилник 15 минути да затегне чоколадото.
2. Во мегувреме во сад на пареа растопете го чоколадото со лешници и лажица масло за јадење, поtоа во садот додајте го и нутела кремот и промешајте.
3.Тргнете го садот од оганот и во него додајте ги мелените топчиња, оревите и бисквитите и промешајте додека смесата не стане хомогена.
4.Од смесата наполнете ги силиконските калапчиња. И повторно вратете ги во ладилник да се затегнат пралините околу 20 минути.Извадете ги пралините од калапчињата и послужете ги.