Испечати

Десерт во чаша

Десерт во чаша

Состојки

  • 350гр. јагоди замрзнати
  • 2 лажици мед
  • 200мл.+50мл. вода
  • 4 полни лажички густин
  • 250мл. слатка павлака
  • 200гр. маскарпоне
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 10 бисквити
  • 2-3 лажици амарето

Подготовка

Брз, едноставен и многу вкусен десерт. Десертите во чаша ми се слабост, не само што убаво изгледаат туку се и вкусни, кремасти.
Подготовка
Јагодите не одмрзнати, ставете ги во едно тенџере, додадете ја водата (200мл.) и медот. Ставете да се вари на умерена температура повремено промешувајќи. Варете некои 10-тина минути или додека јагодите напола омекнат. Во останатите 50мл. вода растворете го густинот и додадете кон јагодите. Продолжете да го варите сосот со постојано мешање додека да се згусне. Тргнете на страна и оставете да се олади.
Слатката павлака изматете ја, но не матете до крај за да добиете цврст снег, туку кога ќе почне убаво да се згуснува додадете го марскапонето и шеќерот во прав. Продолжете со матење додека да се соединат состојките и додека да добиете убава кремаста смеса.
Бисквитите искршете ги и ставете ги на страна во еден сад.
Редењето во чаши е следново
Ставате 1-2 лажици од бисквитите. Напрскајте ги со неколку капки амарето. Врз нив ставате еден слој од белиот крем, па еден слој од овошниот сос. Повторувате, бисквити-амарето-бел крем-овошен сос.
Јас овој пат брзав и не дочекав овошниот сос убаво да се излади. Инаку со малку повеќе време и трпение може да добиете убав пресек на редовите -)

Подготвениот десерт ставете да одстои во фрижидер барем еден час пред да го послужите.

По желба во белиот крем може да ставите и ванила. Безалкохолна варијанта - амаретото заменете го со сок од јаболка. Бисквитите може да ги замените со вашите омилени колачиња.

На здравје!