Испечати

Тркало торта (посно)

Тркало торта (посно)

Состојки

  • За тесто
  • 3 лајци мармалад од шипинки или црни сливи
  • 3 лажици масло
  • 1 чаша млеко (може и соино или друго растително)
  • 2 чаши брашно
  • 1/2 чаша шеќер
  • 1 лажица сода бикарбона
  • 1 чаша = 250 мл.
  • За фил
  • 600 мл. млеко (може и соино или друго растително)
  • 200 гр. шеќер
  • 2 пудинзи од чоколадо
  • 1/2 чаша ситно сечкани ореви
  • 125 гр. маргарин
  • малку густи сок или шербет од некакво слатко

Подготовка

Рецептов го изменив и го направив да биде посен бидејќи ставив соино млеко, но впишаните состојките се според оригиналниот рецепт кој го имам.
1. Тестото се мати со миксер додавајќи ги состојките по редоследот и се печи во правоаголно плехче обложено со хартија за печење, се печи 30 -тина минути на 200 степени или повеќе во зависност од рерната.
2. Плехчето треба да е правоаголно бидејќи ќе се сечат ленти широки 4-5 см во зависност од тоа колкаво плехче користите (битно сите ремени да се иста ширина).
3. Од млекото се вади дел за да се измеша со прашокот за пудинг, а остатокот млеко се вари со 200 гр. шеќер, па кога ќе зоврие се става прашокот и се вари пудинг. По вкус може да се стави уште 50 гр. шеќер.
4. Пудингот кога е добро изладен се мати со маргаринот и му се додаваат оревите.
5. Исечените ремени се прскаат со сок или шербет од слатко (јас имав од слаткото од портокали кое претходно го објавив) се премачкуваат со филот и се вртат во круг како полжав.
6. Со остатокот од филот се премачкува целата торта, се украсува по желба.
И овој рецепт не е комплициран, бидејќи јас милувам да правам лесни и едноставни работи. Да напоменам дека ако печеното тесто излезе подебело, ова тесто е еластично и дозволува да се исече хоризонтално со што од една лента се добиваат две.
Пријатно!