Солена торта со крекери
Состојки
- 400гр. солени крекери
- 400гр. кисела павлака
- 300мл. мајонез
- 250гр. фета сирење
- 250гр. шунка
- 250гр. кашкавал
- 5 јајца
Подготовка
Вкусна и декоративна...
Сирењето се пасира со вилушка. Се додава павлаката и мајонезот и се убаво се соединува. Со оваа смеса се премачкуваат крекерите.
Јајцата се варат и се рендаат. Саламата и кашкавалот се рендаат.
Се обложува тркалезен калап со пречник од 28цм. со најлонска фолија.Се реди еден ред од крекерите, се премачкуваат крекерите со смесата и врз нив се посипува шунката. Се реди втор ред од крекери и се премачкува исто со смесата и се посипува со кашкавалот. Се реди и трет ред од крекери, се премачкува со смеса и не се става ништо.
Се остава убаво да се стегни тортата, па се превртува на соодветна чинија. Се премачкува со смесата и се посипува со јајцата.
Се украсува по желба.
*Крекерите нема потреба претходно да се макаат во јогурт, ќе си попримат од самиот премаз.
*Можи нема да се употребат сите 400гр., мене ми останаа околу 50 на.