Испечати

Чоколадна торта - Ферари

Чоколадна торта - Ферари

Состојки

  • Потребни состојки за кората
  • 6 јајца
  • 8 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 2 лажици вода
  • 6 лажици мелени ореви
  • 5 лажици брашно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 2 лажици мелени бисквити
  • 2 лажици рум
  • 2 лажици какао
  • Потребни состојки за филот
  • 6 јајца (поголемки)
  • 200 гр шеќер во прав
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 100 гр црно чоколадо (јас користам алпико)
  • 60 мл млеко
  • 250 гр маргарин
  • за декорација користев фондан

Подготовка

И се знае - ПРАЗНИЦИ се ближат,КАЛОРИИ се нижат хехе

Еве едно мало и слатко тортиче кое го спремав по повод роденденот на мојот сопруг и бидејќи ми се собираат многу торти во краток период затоа и си ги правам вака помалечки за да се изедат одма.

1. Се одделуваат жолчките од белките и во посебен сад се матат жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер додека не се истопи.

2. Во друг сад ги матиме посебно белките и ги додаваме во изматените жолчки

3. Потоа во истиот сад ги додаваме и останатите состојки- какаото, бисквитите, оревите, брашното претходно измешано со прашокот за пециво, румот и водата и полека мешаме со лажица додека да се соедини.

4. Ја истураме смесата во тркалезно калапче за торта бр.24 и печеме 20-тина минути на 200 степени или додека не извадиме сува -тест- чечкалица од тестото

5. За филот ги кршиме јајцата во тенџере на оган и го додаваме шеќерот и ванилниот шеќер, матиме со миксер да се убаво соединат и потоа го додаваме млекото и продолжуваме да матиме со жица...откако ќе згусни кремот го тргаме од оган и  ја додаваме чоколадата при тоа мешајќи додека не се истопи.

6. Го матиме маргаринот и го додаваме во изладениот фил. Продолжуваме да матиме со миксер додека смесата не се соедини

7. Пандишпанот го сечеме на три дела и го филуваме 1 кора па фил, па кој како сака и милува сецкани крем бананчиња или ресани,па втора кора па пак фил и пак сецкани крем бананчиња, па трета кора и од горе фондан ...можете сецканите бананчиња или ресани да ги додадете во филот откако ќе биде готов и да го измешате па да го нанесете

8. Премачкајте ја тортата со путер крем малку ставете во фрижидер за убаво да стегни и нанесете го фонданот - внимавајте да имате убаво измазнети рабови за да добиете убав изглед (а не како мојот брзински хехехе)

*користев калапче број 26 па тортата ми беше малку пониска од очекуваното, затоа доколку сакате поголема торта зголемете ги состојките овие се за бр 24 и повисочка е малку

*можете место крем банани или ресани да додадете чоко флипс така ќе имате уште поубав и крцкав вкус хехе