Божиќни елки (weihnachtsbaum)
Состојки
- 500 гр брашно
- 20 гр пециво
- 1 лажиче цимет
- 2 лажици какао
- 1 лажица Lebkuchen-Gewurz
- 3 јајца
- 250 гр мед
- 125 гр путер
- 150 гр јадро сецкани јатки од лешник
- 200 гр суво овошје сецкано на коцки
- 100 гр кандиран портокал
- 1 паковка шарени чоколадни парчиња за декорација
Подготовка
Благодарение на мојата пријателка Тимка, која живее во Австрија го добив овој убав рецепт. Тоа е традиционален рецепт во Австрија кој се подготвува за Божиќните празници. Се сеќава мирисот и вкусот циметот, каранфилчето, морското оревче....
Состојките се делат во три ванглички.
Во едната вангличка се мешаат брашното, пецивото, мешавината од зачини и какаото.
Во другугиот сад се мешаат јадро сецканите лешници и ореви, кандираниот портокал,сувите овошки.
Во третиот сад се мешаат јајцата со путерот и медот.
Е сега да разјасниме, во рецептот пишува да се изматат прво јајцата медот и путерот со лажица.
Јас на своја рака си земав и ги матев со миксер.
Откако убаво се соединија смесите полека ја додадов смесата од првиот сад.
Ги замесив состојките и постепено додавав од мешавината на сувите овошки и лешниците.
Се меси тесто. Ако ви е меко додајте брашно, а ако ви е тврдо доставете мед.
Тоа го напоменувам заради брашното.
Некое брашно знае да го распушти тестото, а некое си е таман.
Откакоќе ја развлечете кората вадете си фигури. Таа ми кажа дека треба да се вадат со чаша.
Ние тука пак направивме промена и ги извадивме со фигура на елка.
Ги премачкавме со изматена белка и ги попрскавме со шарени декоративни чоколадни парченца.
Наредени на хартија за печење во малата плитка тава на Делимано ги ставаме да се печат во загреана рерна.
Се печат 10 минути.
Нека изладат малку и наредете си ги во кутии. Колку подолго стојат толку се повкусни.
Е сега да кажам за зачинот.
Во смесата со брашното пишав дека се мешаат зачини.
Јас ставив еден зачин кој беше во оргиналниот рецепт. Тоа е Lebkuchen-Gewurz
Мешавина од цимет, коријандер, каранфилче, ѓумбир, кардамон, морско оревче и уште некој зачин што не знам да го преведам.
Го имало во паковки во големите маркети.
Сувото овошје треба да биде 200 грама. Може да биде мешавина од брусница, смокви, урми, суво грозје.
Дополнително од тоа треба да има 100 гр кандиран портокал.
Колачите имаат преубав вкус.Пробајте и кажете.
На здравје