Колачиња - елкички (без печење)
Состојки
- 200 гр. млечно чоколадо
- 200 гр. маргарин
- 3 лаж. мед
- 100 мл. вода
- 300 гр. мелена бисквити
- 200 гр. мелени лешници
- За декорација
- 200 мл слатка павлака
- по потреба шеќерни трошки (шарени)
- малку прехрамбена зелена боја
Подготовка
Водлабок сад на оган се ставаат чоколадото, маргаринот, водата и медот да се растопат. Откако состојките ќе бидат растопени садот се трга од оган и во него се додаваат бисквитите и лешниците. Сето тоа убаво се промешува и се остава на страна да се олади и да се стегне смесата.
Кога смесата ќе биде оладена од неа се формираат мали конусни форми и се ставаат во хартиени корпички. Кога целата смеса ќе се потроши се мати слатката павлака и во неа се става малку прехрамбена зелена боја. Доколку бојата е во прав се раствора со капка вода. Подготвената слатка павлака се става во шприц за декорација и се декорираат колачињата.
Одозгора врз колачињата се наросува од трошки во боја.