Испечати

Фокача со праз и маслинки

Фокача со праз и маслинки

Состојки

  • За тесто
  • 650 гр брашно
  • 400 мл вода
  • 1 сув квасец
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица мед
  • 1 лажичка сол
  • За редење
  • 1 страк праз (тенок)
  • 200 гр маслинки со пиперче без семка
  • За премачкување
  • 2-3 лажици маслиново масло
  • За посип
  • прстофат рузмарин
  • прстофат оригано

Подготовка

Фина, мека, со тенка коричка која исто така е мека и со убав вкус е таква е оваа фокача. Ако сакате брзински доручек, а сепак да е домашно и месенко еве еден убав рецепт.

1. Во млака вода го ставаме медот и квасецот да се растопат. Во сад го ставаме брашното, маслиновото масло, квасецот и солта. Замесуваме средно меко тесто. Го оставаме да стаса.
2. За тоа време ги сечкаме маслинките на половина по должина и го сечкаме празот да бидат парчињата со дебелина од околу 1,5-2 см.
3. Стасаното тасто го истураме на набрашнета површина. Половина од парченцата праз ги редиме со вдлабнување во тестото. Го превртуваме тестото, формираме топка и ја ставаме на намаслено тавче.
4. Ја расплескуваме ама да не биде многу тенко, правиме вдлабнатини со прстите низ целото тесто. Останатата половина од празот ја редиме во тестото одозгора, а и маслинките ги ставаме во него.
5. Премачкуваме со маслиново масло и ставаме по прстофат рузмарин и оригано.
6. Оставаме да стаса некои 10-15 минути и потоа го печеме во загреана рерна на 230 степени, додека да зарумени или околу 20 минути.

Забелешка
Имав и црни маслинки, па и нив ги наредив на фокачата. Немој да ја размесувате, само кога ќе го истурите тестото откако стасало наставајте ги во внатрешноста парчињата праз, па превртете ја на тавчето.

п.с . За конзументи како наша Кате, може да се направи и без маслинки, само со праз *=)