Испечати

Норвешки бисквити

Норвешки бисквити

Состојки

  • За тестото
  • 3 тврдо варени јајца
  • 1 свежа белка
  • 100гр. шеќер во прав
  • 2 кесички ванилен шеќер
  • 250 гр. омекнат путер
  • 400гр. брашно
  • За украсување
  • 150гр. шеќер во прав
  • 2-3 лажици сок од лимон
  • по потреба шарени зрнца

Подготовка

Шарени весели бисквити кој ќе ви ја стоплат празничната атмосфера. Најискрено не знам зошто ги викаат норвешки бисквити, претпоставувам е некој норвешки традицонален рецепт. Уште како средношколка собирав рецепти од најразлични списанија. Ги сечев страните со рецепти и ги колекционирав залепени во тефтер (ме мрзеше да препишувам =)) Токму рецептот е од таа збирка на рецепти кој ми е еден од омилените, не се сеќавам од кое списание сум го исечкала оригиналното име име е Норвешки кругчиња со јајца.
1. За тестото- исечете ги на половина тврдо варените јајца, одвојте ги жолчките од белките. Белките нема да ви требаат. Жолчките изгмечете ги и измешајте ги со свежа белка, шеќер во прав и ванилниот шеќер. Додајте го омекнатиот путер и брашнотото, па се убаво замесете и ставете го да отстои во ладник околу 30 минути.
2. Загрејте ја рерната на 200 степени. Расукајте го тестото да биде со дебелина од 1/2 сантиметри и со модла во вид на цветчиња или кругчиња вадете бисквити.
Редете ги бисквитите во две тави обложени со хартија за печење и секоја печете ја 12 минути. Оставете ги бисквитите да се оладат. Измешајте шеќер во прав со сок од лимон и секој бисквит со четкичка премачкајте го од смесата. Посипете ги со шеќерните шарени зрнца и оставете ги да се исушат.
Совет- Доколку мислете дека брашното не ви е доволно и смесата кога ја месите уште ви лепи, слободно додајте уште малку брашно. Друго кога ќе го расукувате тестото ви препорачувам работната површина набрашнете ја со нишесте или брашно нема да дозволи да ви се лепи смесата.

Излегуваат околу 60 бисквити.