Испечати

Чоколадни рум тортици (посно)

Чоколадни рум  тортици (посно)

Состојки

  • За бисквитот
  • 400 гр брашно
  • 400 гр шеќер
  • 1 пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • 250 мл масло
  • 500 мл кисела вода
  • 1 лажица какао
  • За фил
  • 100 мл вода
  • 100 гр шеќер
  • 50 гр какао
  • 2 ванилин шеќер
  • 20 мл рум
  • 100 гр посно чоколадо со висок процент на какао
  • За премачкување на бисквитот
  • 30 мл рум
  • 30 мл вода

Подготовка

Ни преостануваат уште малку денови од постот, ама еве нека стои и овој рецепт за меки и вкусни тортици, во редот на посни рецепти, па ќе има и други пости.

1. Сите состојки за бисквитното тесто се мешаат со миксер во еден сад и се истура смесата на хартија за печење, во тавче со големина на рерна.
2. Се пече на 200 степени со вентилатор околу 25-30 минути.
3. Откако ќе се испече се лади, се отстранува хартијата и се сече на две половини.
4. Секоја од половините се премачкува со растворот од рум и вода.
5. Сите состојки за фил освен чоколадото и румот се ставаат на оган да провријат неколку минути.
6. Смесата се трга настрана од оган и во неа се става чоколадото да се стопи како и румот. Се меша со маталка до соединување. Се лади, па се филува бисквитот.
7. Поголемиот дел од филот се истура на првата кора, а со остатокот се премачкува горниот дел.
Оставете малку да се соединат вкусовите, да се стегне филот. Се сечат во облик по желба.

Забелешка
Можеби ви изгледаат како неугледни (јас лично сакам прецизност) ама се особено вкусни, бисквитното тесто т.е. пандишпанот е многу мек и вкусен, а во комбинација со чоколадниот фил е свршен спој.
Внимавајте при сечењето на пандишпанот, навистина е мек бисквитот.