Испечати

Ситни колачи со портокал (посно)

Ситни колачи со портокал (посно)

Состојки

  • 350гр мелен кекс
  • 150гр мелени ореви
  • 1чаша свеж сок од портокал
  • 150гр маргарин
  • 1 лажица какао
  • 250гр шеќер во прав
  • 1 кесичка шлаг крем

Подготовка

Маргаринот се мати со шеќерот во прав додека стане пенаста маса. Се додава исцедениот сок од портокал и се мати повторно. Кон смесата се додаваат оревите, кексот и какаото и се меси смеса. Од смесата се ваѓаат формички по желба и се декорираат со кремот и чоколада.
Ако сакате да се посни место шлаг крем може да се направи шеќерна глазура или топено чоколадо.