Испечати

Триаголни кифлички

Триаголни кифлички

Состојки

  • за тесто
  • 20 млако млеко
  • 100 мл топла вода
  • 100 мл масло
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 коцка свеж квасец
  • 550-600 гр брашно
  • за фил
  • 125 гр путер
  • 1 лажичка сол
  • 2 жолчки
  • 100 гр бело сирење
  • 100 гр сецкан свински врат
  • за премачкување
  • 2 изматени белки
  • по потреба сусам

Подготовка

Никогаш доста од кифлички, а посебно сега за празнициве кога на секоја трпеза прво што има се кифлички. Па еве и мој мал придонес во идеи за празнички брзи кифлички.

Во подлабок сад се соединуваат млакото млеко и топла вода. Во садот се додава квасецот, лажичка шеќер, и лажица брашно. Промешуваме и оставаме квасецот да се активира.

Во друг сад ги соединувате брашното, лажичка сол и масло и со надојдениот квасец замесуваме меко тесто, кое го покриваме со крпа и оставаме да нарасне околу 45 мин.

Во меѓувреме се прави филот. Со миксер се мати путерот со лажичка сол и 2 жолчки. Нараснатото тесто се размесува и се дели на 2 дела. Секој дел се развлекува со кора која се премачкува со филот. Врз него се посипува издробено сирење и сецканиот свински врат. Се витка ролат. Со тацна се сечат од ролатот триаголни кифли во циц-цак правец. Кифличките се редат на плех за печење. Се оставаат малку да нараснат (додека се загрева рерната), се мачкаат со изматена белка и се посипуваат со сусам. Се печат 15 мин на 180-200 степени.