Испечати

Свечен новогодишен куглов

Свечен новогодишен куглов

Состојки

  • 4 јајца
  • 300гр. шеќер во прав
  • 250гр. путер
  • 320мл. јогурт
  • 160мл. кисела павлака
  • 560гр. брашно
  • 1 прашак за пециво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 80гр. какао
  • фил
  • 1 шлаг крем
  • 150гр. млеко за матење на шлаг кремот

Подготовка

Тестото е полно со какао и прелиено со шлаг крем. Ако сакате кугловот да ви успее треба да се придржувате до три основни правила
1. Сите состојки треба да ви бидат на собна температура
2. Сувите сосојки просејте ги
3. Мешате рачно и не многу долго додека не се сврзат и убаво изедначат.

1. Сите состојки треба да бидат на собна температура. Путерот треба да биде на околу 20степени никако многу стопен или премногу стегнат. Путерот го матиме сам потоа го додаваме шеќерот во прав.
2. Брашното, какаото, прашокот за пециво, содата ја просејуваме. Јогуртот и киселата павлака ги матиме да се изедначат.
Откако ги измативме путерот и шеќерот во прав во бела кремаста смеса полека едно по едно ги додаваме јајцата. Брашното и јогуртот ги додаваме најизменично мешајќи рачно се додека смесата убаво не ни се изедначи.
3. Калапот за куглов го премачкуваме, сипете ја смесата и печете на 170 степени околу 40-50мин.
Изладениот куглоф го филуваме со една изматена шлаг крема или растопете чоколада за готвење.
Овој куглоф може доколку го печете во помалите калапи за куглоф да ја намалите дозата на пола.
Добар апетит!!!