Испечати

Новогодишни кекси

Новогодишни кекси

Состојки

  • 1 јајце
  • 750гр. брашно
  • 230гр. мед
  • 220гр. шеќер
  • 200гр. путер
  • 120мл. вода
  • 1 прашак за пециво
  • 1 ванила
  • 1 кора од портокал
  • 1 лажичка мелен ѓумбир
  • 1/2 лажичка цимет
  • за украсување
  • 2 белки
  • 250гр. шеќер во прав
  • сок од пола лимон

Подготовка

Подготовка.
1. Брашното измешајте го добро со прашакот за пециво, ѓумбирот, циметот, ванилата и ренданата кора од портокал.
2. Со миксер изматете го путерот, медот, шеќерот, јајцето, полека додавајте ја смесата на брашното и замесуваме.
3. Добиеното тесто го делиме на три дела и секој дел го мотаме во фолија. Оставете го тестото околу три часа во фрижидер.
4. На работната маса ставете брашно и развлечете го тестото. Со калапи направете колачи и обложете ги во тава за печење.
5. Кексите печете ги на температура од 175степени. Внимавајте да не се препечат бидејќи се повкусни кога се меки.
Пред украсување треба да се изладат.
Украсување.
Изматете ги белките и додадете им го шеќерот во прав и сокот од лимон. Разделете ја смесата и на секој дел додадете различна боја. Украсувајте по ваша желба...уживајте со вашите најмали и мајмили))))