Испечати

Домашни кифли со куркума

Домашни кифли со куркума

Состојки

  • 650-750гр брашно
  • 300мл млеко
  • 125 мл масло
  • 1 пресен квасец
  • 2 лажички шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажиче куркума
  • 1 јајце за премачкување
  • 70гр маргарин
  • 30гр сусам

Подготовка

Куркума е вкусен зачин и моќен лек.
Има прекрасна жолта боја и пријатна арома.
За куркумата се вели дека е вистинско чудо на природата.
Посебно е застапена во Индиската кујна, каде се употребува повеќе од 2000 години

Јас денес во кифлите ставив 1 полно лажиче куркума во прав и беа со прекрасна жолта боја, вкусни, меки......

Прво во млакото млеко се става шеќерот со малку брашно и квасецот да се активира.
Потоа се додаваат останатите состојки и убаво се измесува тестото, да почне да пука под рацете.
Се остава 30 минути на топло.
Се дели на 30 топчиња.
Се прават форми по желба.
Јас денес ги виткав малку поинаку, од сликите може да се види начинот на припрема.
Прво се сучи долг молив, па се превиткува, па во добиените топчиња се пикаат краевите.
Многу се убавки.
Се редат во плех, се премачкуваат со јајце, се наросуваат со сусам и им се става по малку маргарин.
Киснат 15 минути и се печат.