Сочна салата со макарони
Состојки
- 400гр макарони
- вода, сол
- 100мл јогурт
- 200гр кисела павлака
- 200гр мајонез
- 100гр сецкано сирење
- 150 гр сецкан кашкавал
- 150гр сецкана шунка
- 1 сецкан морков
- 3-4 кисели сецкани краставички
- сол, бибер, ленено семе по вкус
Подготовка
Многу брза, сочна, вкусна салата, која со топли кифлички е комплетен оброк.
Најпрво макароните се варат во зовриена вода со сол 6-8 минути.
Се цедат и по желба се додава 1-2 лажици маслиново масло за да не се залепат и се промешуваат.
Сега во една вангличка се ставаат сите сецкани артикли, павлаката, мајонезот, јогуртот и се промешува убаво.
Се ставаат макароните и убаво се промешува.
Се сервира со кифли штотуку извадени од рерна.
Наздравје.