Шарена обланда (посно)
Состојки
- 250 гр шеќер
- 200 мл вода
- 250 гр маргарин
- 2 лажици какао
- 150 гр мелени ореви
- 150 гр мелени бисквити
- 1 чаша млеко
- 2 листа обланди
- 1 н пакетче ецела тегла мармалад (овде е од капини за да се добие црвена боја)
- околу 400 гр бисквити
Подготовка
Секој лист обланда се премачкува на крупната шара со мармалад. По препорака изберете некој со убава боја која ќе дава шареноликост на готовите колачи. Врз премачканите листови обланда редете бисквити, кои кратко ќе ги потопувате во ладно млеко. На секое потопување потрудете се вишокот капки да го истресите од нив.
Ставете ги шеќерот и водата на среден оган да вријат 5 минути. Додадете го иситнетиот маргарин, тргнете на страна и мешајте додека се растопи. Потоа додадете ги какаото, мелените ореви и бисквити и се убаво измешајте.
Целата смеса премачкајте ја врз слојот бисквити на едната обланда. Со другата внимателно затворете и благо притикајте насекаде за убаво да залепи.
По извесно време ставете некој предмет да им тежи за подобро да се залепат.
Откако добро ќе се здрви, а најдобро другиот ден, сечете ја на штангли.
Доколку користите избрани состојки, рецептот можи да биди и посен.