Испечати

Декоративни бисквити

Декоративни бисквити

Состојки

  • 300гр маргарин
  • 150гр шеќер во прав
  • 400гр брашно
  • 40гр какао во прав
  • малку сол
  • 1 ванила
  • за премачкување
  • 1 жолчка
  • 2 лажици млеко

Подготовка

Во еден сад ставте ги маргаринот, шеќерот во прав, малку сол и ванилата и матете со миксер додека смесата да се соедини. Потоа додајте го брашното и замесете тесто со рака. Тестото делете го на два делови каде во едниот ставете го какаото и соединете ги да добиете кафеаво тесто. Тестата оставте ги да отстојат половина час. Потоа на работна маса ставте најлонска фолија и расучете ги двете теста во дебелина од 5мм. На корите со нож исечете им ги краевите така што да добиете квадрат. Краевите оставте ги за подоцна.
Квадратите со нож исечете ги на ленти од 5мм. На најлонска фолија ставете ги по редослед лентите така што да ви бидат кафеаво-бело-кафеаво-бело-кафеаво-бело, па премачкајте ги со претходно изматеното јајце со 2 лажици млеко за да се залепат. Постапката повторете ја исто но во обратен редослед бело-кафеаво-бело-кафеаво-бело-кафеаво и исто премачкајте со јајце повторете исто уште два реда.
Остананите краеви направете ги теста потоа расучете ги во правоаголник. Бисквитот делете го на половина. Корите премачкајте ги со преостанатото јаце па ставте ги половина бисквит на кафеавиот дел половина бисквит на белиот дел и превиткајте ги со тестото така што да добиете правоаголник. Бисквитите ставете ги на најлонска фолија и превиткајте ги и ставте ги во фрижидер да отстојат 1-2 часа. Откако ќе отстојат извадете ги од фрижидер и пресечете ги со нож во дебелина од 5 мм. Ставете ги на плех на кој сте ставите хартија за печење и печете ги на загреана рерна 180С- 12 мин. Сервирајте откако ќе се оладат. Добар апетит

Забелешка-печете точно 10-12 мин немојте да се излажете да ги оставте повеќе бидејќи кога бисквитите ќе ги извадете тие се уште се меки но кога ќе се оладат тие стануваат крцкави. Треба само да добијат светло кафеава боја.