Испечати

Тестенини со лигњи и грашок

Тестенини со лигњи и грашок

Состојки

  • 320 гр тестенини ( лингвини, шпагети или макарони)
  • 500 гр лигњи
  • 200 гр замрзнат грашок
  • 1 голем домат
  • 1/4 главица кромид
  • 3 големи чешниња лук
  • 3-4 лажици сецкан магдонос
  • 6-7 лажици маслиново масло
  • 150 мл бело вино
  • по вкус сол, бибер и мешан сув зачин
  • 250 мл вода

Подготовка

Во мојата кујна многу често се готват морските плодови, многу пати со ориз, а најмногу со тестенини. Еве еден предлог за нивна подготовка.
Лигњите се сечат на кругчиња.
Кромидот и лукот ситно се сецкаат и се ставаат во тава со маслиновото масло малку да се пропржат колку да пуштат мирис. Потоа се додаваат лигњите и се пржат неколку минути. Потоа се додава виното,водата, зачините по вкус и се оставаат да крчкаат додека течноста напола не испари.
Во меѓувреме се става вода со сол да зоврие и потоа се додаваат тестенините да се варат, по времето означено на паковањето.
Кога пола од течноста од лигњите е испарена се додава грашокот доматот исецкан на коцки и магдоносот. Се мешаат и се оставаат да варат додека течноста не испари но не премногу да се исушат.
Се додаваат сварените тестенини, се мешаат и се служат топли.