Подгорички колач
Состојки
- за тесто
- 8 јајца
- 8 лажици шеќер
- 3 лажици брашно
- 1 пециво
- 150 гр. сецкани суви смокви
- 150 гр. сецкани урми
- 150 гр. сецкани ореви
- за фил
- 250 гр. путер
- 250 гр. шеќер во прав
- 8 лажици шеќер
- 200 гр. ситно сецкано темно чоколадо
- за украсување
- 125 мл. ладно млеко
- 1 кесичка шлаг крем од ванила
Подготовка
Овој десерт го правевме пробно и според коментарите и вкусот на истиот едногласно одлучивме дека дефинитивно ова ќе биде колачот што ќе ја краси нашата свечена Божиќна трпеза. Подготовката е на следниов начин
Најпрво се подготвува пандишпанот. Ситно се сецкаат урмите, смоквите и оревите. Јајцата ги кршиме и ги делиме во посебен сад белките од жолчките. Во садот со белките додаваме 8 лажици шеќер и матиме со миксер додека не се добие густ шам. Во садот ги додаваме исецканите смокви, урми, ореви пециво и 3 лажици брашно. Со лажица полека ја мешаме смесата додека не се соедини. Се истура во тава за печење претходно обложена со хартија. Јас пошто сакав да добијам штангли печев во четвртаста тава, а може и во округла да дојде како торта, кој како милува. Печема 20-25 мин на 180-200 степени зависно од јачината на рерната.
Во меѓувреме се подготвува филот. Во садот со жолчките се додаваат 8 лажици шеќер и се матат со миксер додека убаво не згуснат. Така изматени се ставаат врз друг сад на оган со зовриена вода за на пареа да ја добијат потребната густина. Постојано се мешаат за да не се подварат. Така подготвениот крем се остава во фрижидер да се излади.
Откако е кремот добро изладен во друг сад на страна се мати 250 гр путер со 250 гр. шеќер во прав. Во садот се додава и кремот од жолчки и се убаво се соединува. Чоколадото се додава на крај исецкано на парченца. Врз изладениот пандишпан рамномерно се нанесува филот. Шлаг кремот се мати со 125 мл ладно млеко до посакуваната густина и се украсува по желба. Се сечат штангли или коцки.
Уживајте и Вие во вкусот.