Испечати

Пирошки со фил

Пирошки со фил

Состојки

  • за тесто
  • 200 мл јогурт
  • 100 мл топло млеко
  • 100 мл масло
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1 коцка свеж квасец
  • по потреба брашно
  • за фил
  • по потреба ситно сецкана шунка
  • по потреба рендан кашкавал
  • зачини по вкус-оригано. мајчина душица, сенф

Подготовка

Еве уште еден рецепт во регистаров на МоиРецепти и од моите пирошки. Кај нас омилени и многу често приготвувани. Подготовката оди вака

Во сад се става квасецот, млако млеко, шеќер и неколку лажици брашно за да нарасне и да се активира. Во друг сад за месење се ставаат јогурт, масло, лажичка сол, се додава и квасецот и толку брашно колку да се добие средно меко тесто, кое нема да се лепи на работната маса. Тестото се покрива со крпа и се остава да го удвои волуменот околу 20-тина мин.

Откако нараснало се размесува и се развлекува кора со дебелина од 0,5 см. Се сечат правоаголници по желба, зависно од тоа колкави сакате да се пирошките. Во меѓувреме се сецка ситно шунката ( или друго сувомеснато по желба) и се ренда кашкавалот. Се соединуваат заедно, се зачинуваат по вкус, кој како сака (сенф, оригано) и од вака приготвениот фил се става врз секоја коцка. Се витка пирошка. Краевите од тестото се затвораат убаво, за да не истече филот при пржење.

Не е потребно дополнително киснење туку веднаш се пржат на загреано масло. Можете да ги послужите со некое домашно приготвено сосче, кечап или макало. Во мојов случај тоа беше макало од доматно пире, ситно сецкан праз и ситно сецкани маслинки

На здравје