Црна торта
Состојки
- Тесто
- 6 јајца
- 250гр. шеќер
- 2 лажици ладна вода
- 5 лажици брашно
- 1/2 пакетче пециво
- 16 лажици мелени лешници (или ореви, бадеми)
- сок од 1 портокал (за попрскување на корите)
- Фил
- 1/2 л. млеко + 4 лажици шеќер
- 1 јајце
- 3 лажици шеќер
- 3 лажици брашно
- 100гр. чоколадо за готвење
- 250гр. путер (или маргарин)
- 4 лажици шеќер во прав
- 2 лажици какао во прав
- рендана кора од 1/2 портокал
- 200гр. мелени лешници (или ореви, бадеми)
- За украсување
- 2 пакетчиња шлаг пена + млеко по потреба
- чоколадни филиграни
Подготовка
Рецептот за оваа торта го добив од мојата ми мила вујна и со нејзина дозвола го објавувам на странава. Тортата е испробана многу, многу пати, и секогаш ја бендисувам како прв пат да ја пробувам ))) Искрено, мора да си признам, подготвена од вујна ми мене ми е повкусна ))))
Подготовка
Во еден длабок сад убаво изматете ги јајцата и шеќерот додека да добиете убава кремаста, светла смеса. Додадете ја водата, по неа брашното измешано со пецивото и на крај мелените лешници. Промешајте кратко и смесата истурете ја во плех од рерна кој претходно сте го намрсиле и послале со хартија за печење.
Печете на 180 степени во претходно загреана рерна околу 15-тина минути во зависност од рерната (направете проба со чепкалка).
Откако ќе се испече, превртете ја тавата на чиста кујнска крпа за да излезе тестото, отстранете ја хартијата од него и оставете да се олади. Исечете го потоа на три еднакви ленти.
Подготовка на филот
400мл. млеко и шеќерот (4 лажици) ставете ги да се варат. На страна во еден длабок сад убаво изматете го јајцето со трите лажици шеќер, додадете ги останатите 100 мл. млеко и брашното. Убаво промешајте и оваа смеса ставете да се вари во веќе зовриеното млеко. Додадете го и чоколадото и мешајте енергично додека филот се згусне. Тргнете на страна, покријте го филот со стреч фолија и оставете потполно да се олади.
Изматете го путерот со шеќерот во прав и какаото. Во оваа смеса додадете го претходно подготвениот фил и убаво изматете. Додадете ја ренданата кора од портокал и мелените лешници. Подготвениот фил ставете го во фрижидер малку да олади и да се стегне.
Секоја кора се попрскува со сокот од потокал и се филува со поготвениот и оладен фил. На крај, премачкајте ја со шлаг пена подготвен спрема упатсвото на опаковката и украсете со чоколадни филиграни.
Тортава е лапни-голтни, јас никогаш не застанувам на едно парче од неа )))
Еле, фала ти за рецептов! )))