Новогодишни елки од пире
Состојки
- 500гр. компир
- 100гр. путер
- 100мл. млеко
- по потреба сол
- по потреба морков
Подготовка
Изненадете ги вашите најмили и гости со малку поинаков декоративен прилог. Особено малечките се радуваат многу на вакви декорации, кај мене дома едвај ги сликав =))
Излупете и сварете го компирот. Во меѓувреме направете ги декорациите од морков, со нож издлабете ѕвездички или други декорации.
Кога компирот ќе е сварен уште додека е топол, ставете го во сад за матење заедно со путерот и матете додека смесата не стане мазна. Додадете го и млекото на повеќе пати и иsтовремено матете. Ако дозата на млеко ви е многу или малку додадете повеќе или не го ставајте целото. Јас тоа секогаш од око го правам и да ви кажам не сум баш сигурна дали ова е точната доза. Сепак вие траба да проценете, смесата треба да е густа и мазна.
Додадете ја смесата во готварски шприц и формирајте ги елките. Декорирајте ги со декорациите од морковот.
На здравје и Среќни празници!