Свинско со печурки и бело вино
Состојки
- 1кг. свинско месо(може и бело пилешко месо)
- 500гр. печурки
- 2 кромидки
- 3 моркова
- 200гр. чаден свински бут
- 1 чаша бело вино
- 500мл. неутрална павлака
- оригано,бибер,м.зачин и магданос
Подготовка
Еве мој предлог за вкусна тава,идеална за оние кои ќе решат новата година да ја пречекаат во домашна атмосфера со најблиските.
Подготовка.
Месото од навечер го накиснуваме во вода колку да го покрие,сипете го виното,ставете ги кромитките.Утредента досипете вода околу половина литар и почнете полека да динстате на тивок огин.На половина варење додадете ги морковите и продолжете со варење,проверувајте го месото да не се превари.
Кога месото е сварено сипете го во земјена тава,морковите иситнете ги на кругови,кромидот испасирајте го.Во тава за пржење ставете го ситно исецканиот бут и пропржете,потоа додадете ги печурките па морковите пржете неколку минути.Во тавата додадете ја неутралната павлака да прокрчка две минути и целата смеса сипете ја во земјената тава.Пред печење додадете ги зачините и половина вода во која се вареше месото.Печете на 220 степени половина час со капак и уште петнаесетина минути без капак.
Добар апетит!!!