Испечати

Погача со фил од мелено месо

Погача со фил од мелено месо

Состојки

  • За тесто
  • 350мл. топло млеко
  • 200мл. јогурт
  • 100мл. масло
  • 1 пресен квасец
  • 1 лажица сол
  • 2 супени лажици + 1 кафено лажиче шеќер
  • 1 цело + 1 белка од јајце (жолчката за премачкување)
  • по потреба просеано бело брашно
  • 100гр.растопен маргарин или путер
  • За филот
  • 1 главица со средна големина кромид
  • 500гр. мелено мешано месо
  • по вкус сол, мешан сув зеленчук и црна пипер

Подготовка

Погачите ми се украс на свечени трпези...
Еве една која се надевам ќе ви се допадне и ќе ја подготвите по некој повод.

Во длабок сад каде ќе месиме, се раствора квасецот со лажичето шеќер, неколку лажици брашно и малку од топлото млеко за да се добие густа кашеста маса.Се чека да се активира.
Потоа ги додаваме останатите од горе наведените состојки, сем маргаринот и замесуваме убаво, средно- меко тесто.Го премачкуваме со масло и покриваме со најлонска фолија и уште некоја памучна покривка и оставаме на топло да го дуплира волуменот.
Одкако стасало тестото го истресуваме од садот, без премесување го делиме на 4 дела.Тогаш од нив со кратко месење формираме пупалиња-топки.Нежно премачкуваме со масленце, за да не ни фатат коричка.
Од секој дел отвораме тркалезна кора, која е малку помала од садот во кој ќе печиме (користев плитко тенџере бр.28).Во намрсениот сад со маргарин ја ставаме кората, ја премачкуваме со растопениот маргарин и нанесуваме од филот.
Истата постапка ја повторуваме со останатите делови, со тоа што на последната не се става фил, а маргарин малку ќе ја премачкаме одкако ќе ја обликуваме погачата.
Сега погачата ја делиме на прво на 8 дела, па на 16.Два соседни дела се завиткуваат неколку пати спирално во спротивни правци.(Подобро може да се уочи од дополнителните фотографии.)Така обликованата погача ја премачкуваме со малку маргаринче и оставаме да надојди.
Пред печење се премачкува со разматена жолчка со малку млеко.
Се става да се пече во загреана рерна и тоа 15 мин. на 220 степени, па покриваме со алу фолија и намалуваме на 180 и печиме така наредните 40мин. Последните 10 мин. ја откриваме и печиме на 200.Погачата е висока и треба убаво да изврие, а вие сепак си печите према вашата рерна.
После печење нежно премачкуваме со четче со малку водичка.Покриваме со памучно, па најлон во тенџерето малку време, а потоа ја вадиме од тенџере и убаво завиткуваме додека целосно не излади.
За филот-го пржиме кромидот со малку сол, па го додаваме месото, пржиме, зачинуваме...Оставаме да излади.
На здравје!