Посни овесни кекси
Состојки
- 200 гр интегрално брашно
- 1 лажица какао
- 150 гр жолт шеќер
- 100 гр кокосово брашно
- 2 лажички пециво
- 150 гр овесни снегулки
- 2 јаболка
- 2 лажици мед
- сок од еден портокал
- 1 лажица рум
Подготовка
1. Портокалот го цедиме, а јаболките ги лупиме и рендаме. Сите суви состојки ги промешуваме па ги додаваме останатите и мешаме додека да добиеме еднолична смеса.
2. Формираме топчиња како бомбици кои ги редиме на одредено растојание во тава со хартија за печење.
3. Потоа секое топче го притискаме нежно со прстите додека да добие форма на круг.
4. Ги печеме на 180 степени во загреана рерна, додека да поруменат.
Користев грахам брашно. Ако користите интегрално црно брашно можеби ќе ви треба уште едно рендано јаболко. Кога се испекоа имаа крцкава површина и мека внатрешност. Децата ги бендисаа, а тоа ми најважно.