Испечати

Плескавици од соја и печурки (посно)

Плескавици од соја и печурки (посно)

Состојки

  • 300 гр соја ситна
  • 100 гр печурки
  • 3 лаж брашно
  • 100 гр ориз
  • 2 главици кромид
  • 3-4 забч лук

Подготовка

Сојата ставете ја во жешка вода да постои.
Оризот сварете го.
Сојата исцедете ја од водата и  додадете го сварениот ориз, печурки и брашно. Кромидот и лукот изрендајте ги и додадете во смеса.
Подсолете додајте бибер и се убаво промешајте.
Формирајте плескавици, обвалкајте во презла и пржете во врел зејтин.
Овие плескавици посни и вкусни пробајте!