Испечати

Карамел пита со грилијаж

Карамел пита со грилијаж

Состојки

  • 700гр брашно
  • 250гр маргарин
  • 300гр кисела павлака
  • 1 јајце
  • 250гр шеќер во прав
  • 1 пециво
  • фил
  • 800мл млеко
  • 350гр шеќер
  • 6 лажици густин
  • 125гр маргарин
  • грилијаж
  • 250гр ореви
  • 350гр шеќер

Подготовка

Брашното се меша со пецивото. Маргаринот се сече на листиња и се додава кон брашното. Се додава павлаката и јајцето и се меси компактна смеса. Смесата се остава во фрижидер да одстои 30 минути.
Од хартија за печење се подготвуваат 4 листови за печење со големина на плехот врз кој ќе се печат корите.
Тестото се ваѓа од фрижидер и се дели на 4 дела. Од секој дел се развлекува кора дирекно над хартијата и секоја кора се пече посебно на превртен плех. Се пече околу 8-10 минути внимавајќи да не изгори. Испечените кори се редат една врз друга заедно со се хартијата.
Фил
Шеќерот се става на млака рингла додека убаво се растопи и се налева со 400мл врело млеко. Се вари додека се растопи пржениот шеќер. Во вриената смеса се истура преостанатото млеко измешано со густинот и се вари густ крем. Маргаринот се мати и се додава кон млакиот фил. Филот се нанесува врз корите уште додека е млак-не треба да се олади сосем.
Грилијаж
Се растопува шеќерот па му се додаваат оревите и се запржуваат 30 секунди, а потоа смесата се истура врз хартија за печење. Оладена смесата се меле со машина за мелење ореви или во чоперот. Јас решив да ризикувам со чоперот(мислев дека смесата е прецврста за него)и грилијажот одлично се иситни.
Филување
Се реди една кора,се филува со една четвртина од филот па се посолува со грилијаж и така се повторува со сите 4 кори.На последната кора се поросуваат ореви и се декорира со карамел.За полесно и порамномерно да го нанесете филот поделето го на 4 дела и така филувајте.
Тортата треба да одстои барем 24 часа да омекне,да се спои филот а потоа уживајте во вкусот.