Испечати

Овесни плочки (за детоксификација, без глутен)

Овесни плочки (за детоксификација, без глутен)

Состојки

  • 1 шоља овесни снегулки
  • 2 зрели банани
  • 5-6 сецкани суви кајсии
  • 1 шака сува брусница

Подготовка

Бананите испасирајте ги во блендер, додајте ги овесните снегулки кои може да бидат истостирани претходно на тавче или не, додајте ги ситно сецканите кајсии и брусниците. На тавче ставете по една лажица од смесата и оформете тенки плочки. Печете на 7-8 минути или додека убаво не заруменат.
На овој рецепт може да додадете и микс од 4 семиња, семки, сончоглед, лен и сусам, ситно сецкано чоколадо или некое друго овошје, исто така може да додадете и мед. Вака спремни се одлични за детоксикација, 21 дневниот период на детоксикација кога не смеете да внесувате глутен и шеќери.