Испечати

Бечка шницла

Бечка шницла

Состојки

  • 800гр телешка удина
  • сол, бибер, зачин
  • 2 јајца
  • 100гр брашно
  • 150гр презла
  • масло за пржење

Подготовка

Едноставен, а вкусен ручек.
До колку сметате дека телешкото месо не е толку младо и кревко, ви предлагам да го ставите да одстои 2-3 часа во млеко.
Потоа исцедете го и пригответе го во начинот кој е опишан.
Како прилог кон овој ручек го користев предложениот рецепт за сос од сенф, јајца... од Катерина М, кој е прекрасен.

Најпрво телешкото месо исечете го на танки шницли.
Со дрвен чук се чукаат шницлите од двете страни.
Се зачинувааат по вкус и нека одстојат барем 1 час во фрижидер, како месото би го примил зачинот.
Потоа се валкаат во брашно, изматено јајце и презла.
Се пржат на тивок оган од двете страни да заруменат.
Се редат на хартиени салфети, па се сервираат.