Капри торта
Состојки
- тесто-за една кора
- 9 белки
- 18лаж шеќер
- 3лаж брашно
- 100гр мелени ореви
- 1 фил
- 500мл млеко
- 250гр шеќер
- 6лаж брашно
- 9 жолчки
- 1 маргарин
- 2 фил
- 1/2 филџан вода
- 300гр шеќер
- 300-500грама смрзнато црвено овошје
- 9лаж вода
- 2 пудинга од јагода или ванила
- Декорација
- по потреба слатка павлака
Подготовка
Првичната идеа на овој рецепт е еден Капри колач на мајка ми кој решив да го направам во вид на торта. Па така овде состојките се за колач со една кора и еден фил, но јас направиv 2 кори и два фила со жолчки, со тоа што на едниот фил му додадов и една црна чоколада, а вториот фил му ја дуплирав дозата.
За кората, се матат белките со шеќерот и се додаваат сувите просеани состојки. Се пече во поголем плех на 200 степени додека не се исуши.
За првиот фил, односно попознат како слаткарски фил, се матат жолчките со жица и се додава брашното. Смесата се истура во зовриено млеко, односно нешто пред да почне да врие за да не се направи грутчиња. Јас дополнитено го цедам низ цедалка бидејќи не сакам грутчиња. На вака спремниот фил се додава цел маргарин. На втората доза од овој фил му ја додадов чоколадата уште додека беше топол филот.
За вториот фил, се зоврива водата и шеќерот и се додава овошјето да зоврие убаво. На вака зовриеното овошје се додаваат пудинзите измешани со вода.
Се реди кора, прв фил, втор фил па се завршува по желба со шлаг или топено чоколадо, за оваа торта јас редев кора, црн фил, фил со овошје, пак кора, бел фил и на крај фил со овошје. Завршив со слатка павлака!